Директорот на ЦУК апелира до граѓаните да не користат пиротехнички средства при прослави и семејни веселби, кои потоа можат да предизвикаат пожари
Се уште гори во Општина Македонски Брод, каде пожарот е навлезен на територија на ловиштето „Јасен“, а еден крак се движи кон викенд населбата на брегот на езерото Козјак. Ова како што информира директорот на Центарот за управување со кризи е Стојанче Ангелов е најтешкиот пожар и таму се дејствува најконцетрирано, со еден полициски хеликоптер, шест „ертрактори“ и 40-тина пожарникари од Унгарија со специјални возила, како и пожарникари од земјава и вработени од ДЗР и од „Национани шуми“.
Според него, пожарот кај „Јасен“ е делумно сопрен и се надева оти во текот на утрешниот ден овој дел од пожарот ќе биде ставен под контрола.
Во текот на денешниот ден има вкупно 29 пожари на отворено, од кои 21 е изгаснат, два се ставени под контрола, а шест се сеуште активни.
Под контрола се ставени пожарите во Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, на подрачјето на двете општини и во Делчево, кај депонијата Делчево.
Изгаснати пожари има во општините Кичево, кај село Зајас, во скопските општини Петровец, Студеничани, Гази Баба, Чучер Сандево, Сопиште, Шуто Оризари.
