HomeАктуелноМото дефиле денес во Охрид

Мото дефиле денес во Охрид

50-тина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, утре напладне доаѓаат во Охрид. Тие, кај Подмоље ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ до градското пристаниште. Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во државава на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие денеска пристигнаа во Скопје каде, утре ќе го одржат мото дефилето по што, утре наутро, преку Тетото, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид. Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости и локалитети на градот, информира Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.

Меѓународниот караван на пријателството, во чие одржување вели Димоски значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија го продолжуваат кон Битола и Прилеп.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.