Согласно годишната програма на Одделението за Локален економски развој, Општина Охрид, на 1 октомври започнува со петдневна стручна обука за жени претприемачи.
Обуките ќе ги реализираат стручни лица од World Smart Education. Пријавувањето е отворено заклучно со утрешниот ден на телефонскиот број 070/841-266, и на електронската адреса worldsmarteducation@yahoo.com.
По обуките, жените кои ќе бидат дел од проектот, ќе се стекнат со практични знаења и вештини за претприемништво, ќе разменуваат искуства и бизнис идеи и ќе добијат сертификат за завршена обука.
– Со проектот продолжуваме со спроведување на мерките предвидени во Стратегијата за поддршка на женското претприемништво, со цел создавање поволни услови за развој и афирмација на жените во бизнис-секторот, информираат од Општина Охрид.
