Синдикалната минимална кошница за октомври 2026 година достигна 70.358 денари, што е за 926 денари повеќе во споредба со септември, кога изнесувала 69.432 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Најголем дел од трошоците отпаѓаат на храната и пијалаците. За овие потреби, според пресметката на ССМ, на едно четиричлено семејство му се потребни 26.170 денари месечно.
За сметки се предвидени 6.379 денари, додека за транспорт се издвојуваат 5.468 денари.
Ако семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошницата се зголемува на 85.733 денари.
За споредба, просечната нето-плата во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, според Државниот завод за статистика.
Тоа значи дека вредноста на минималната кошница е за околу 21.600 денари повисока од една просечна нето-плата.
Од ССМ посочуваат дека во споредба со јануари, кога кошницата изнесувала 66.413 денари, во октомври е зголемена за 3.945 денари.
Податоците повторно го отвораат прашањето колку реално им останува на семејствата по плаќањето на храната, сметките, превозот и останатите основни трошоци.
Колку вас ви се потребни месечно за нормален живот?
