HomeАктуелноНародната банка доделува до 130.000 денари за најдобар млад истражувач – еве како да се пријавите

Народната банка доделува до 130.000 денари за најдобар млад истражувач – еве како да се пријавите

Народната банка потсетува дека е во тек Конкурсот за годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Годишната награда е наменета за поттикнување на научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и за афирмирање на младите и стручни кадри.

На Конкурсот можат да учествуваат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со истражувачки труд кој содржи осврт кон македонската економија.

Трудовите може да бидат напишани на македонски, на албански или на англиски јазик, а на конкурсот може да се поднесе и труд што е веќе објавен, доколку е објавен по 1 јануари 2025 година.

За најдобрите трудови се предвидени парични награди во износ од 130.000 денари за прворангираниот и 65.000 денари за второрангираниот труд.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Повеќе информации за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и за целокупната постапка се достапни во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.