HomeАктуелноНАТО почна воени вежби во Балтичко Море, на кои учествуваат и војници на Шведска и Финска

НАТО почна воени вежби во Балтичко Море, на кои учествуваат и војници на Шведска и Финска

НАТО  вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели и на која ќе учествуваат повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека  Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне отпорноста и силата во непредвидлив свет“.

Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили, изјави дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.

Тој додаде дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.

Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.