HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ: Голема полициска акција, уапсени над 30 полицајци и царински службеници

НАЈНОВА ВЕСТ: Голема полициска акција, уапсени над 30 полицајци и царински службеници

Вечерва полициска акција се одвива на две локации низ Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите на националниот сервис, ТВ21, акциите се во Струмица и Гевгелија каде се апсат царински службеници.

Aкцијата ja води јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Голема полициска акција вечерва се спроведува во Струмичко-гевгелискиот Регион, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Aкцијата е под водство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Во меѓувреме, дел од медиумите неофицијално, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека во акцијата се уапсени 30-ина цариници и полициски службеници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.