HomeАктуелноНевреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер: Синоптичарите објавија какво време не’ очекува викендов и ден потоа

Невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер: Синоптичарите објавија какво време не’ очекува викендов и ден потоа

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и во текот на денот ќе се префрлуваат кон исток. На повеќе места ќе дува засилен јужен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Локално, особено во југоисточните делови се можни поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Прогноза за 16.04.2023
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Променливо облачно, попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 17.04.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 18.04.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб јужен ветер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.