HomeАктуелноНема ден да нема пријава за напад од куче скитник во Кичево

Нема ден да нема пријава за напад од куче скитник во Кичево

Не престануваат пријавите на граѓани дека биле нападнати или каснати од куче скитник.

На 20.03.2023 во 18.40 часот, М.Д.(48) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Мирка Настеска” во Кичево бил каснат од куче скитник, информираат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

МВР билтенот е само еден показател дека секојдневното напаѓање на кучиња скитници на наши сограѓани и понатаму продолжуваат, по случајот во Струга која ја потресе македонската јавност чести напади има и во Скопје, Куманово, Тетово, Кичево и Битола.

По сите пријави и плаќање на оштети на граѓани кои се терет на општините се поставува прашањето зошто институциите и понатаму остануваат во молк за решавање на ова прашање?

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.