На универзитетите во земјава почнува академската 2026/2027 година, а за околу 53.500 студенти денеска започнува новата студиска година. Од нив, 46.925 се редовни, околу 6.600 вонредни, додека околу 13.800 се бруцоши.
Првиот академски час ќе се одржи на повеќе универзитети во земјава, меѓу кои УКИМ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, „Мајка Тереза“ и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип првиот академски час ќе се одржи на платото пред Мултимедијалниот центар. УГД годинава нуди студирање на 15 факултети и академии со 70 студиски програми, а во досегашното постоење низ универзитетот поминале повеќе од 30.000 студенти
