Вчерашните натпревари на турнирот донесоа многу голови и убедливи победи. Во рамки на групата А, екипата на АСП ПАК славеше против Скопска Пивара Охрид со 11:3, додека во групата Б, Инекс Олгица Хотел и СПА ја совлада екипата на Тинос Паб и Бар со резултат 14:6.
Фудбалската програма продолжува и денеска со нови два натпревари.
Во 20:00 часот, во рамки на групата А, ќе се сретнат екипите на Фит Бокс и Скопска Пивара Охрид, додека од 21:00 часот, во групата Б, силите ќе ги одмерат Гостилница Кај Мече и Тинос Паб и Бар.

Се очекуваат нови интересни дуели, ефикасна игра и добра спортска атмосфера.
Организаторите ги покануваат сите љубители на фудбалот да ги поддржат учесниците и да бидат дел од турнирските случувања.


