Денес и утре во Македонија ќе имаме значителна облачност, а ќе биде претежно тивко и без ветер, со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините, особено во ноќните и во утринските часови. Ќе има и локални слаби врнежи од дожд на ниските места (градовите), додека на повисоките населени места, планинините и секако на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Особено во источната половина од Македонија, послаби врнежи од снег ќе има и во дел од градовите.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу, а особено утре (25 февруари вторник) и за некој степен над 10 степени, најави еден од најпознатите и најпрецизни метео-прогнозери, Славчо Попоски.
Прогноза за 24.02.2025
Претежно облачно со услови за слаб локален дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје претежно облачно, со услови за слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 25.02.2025
Наутро со услови за појава на магла по котлините. Преку денот променливо облачно, претежно во планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
