HomeАктуелноОбјавено ШОКАНТНО видео од моментот на ударот – Нуркачи трагаат по исчезнатите кои паднале од мостот

Објавено ШОКАНТНО видео од моментот на ударот – Нуркачи трагаат по исчезнатите кои паднале од мостот

Во американскиот град Балтимор се урна голем мост откако во него удри товарен брод.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На видеото се гледа како голем дел од мостот Френсис Скот Ки, долг 2,6 километри, паѓа во вода по падот.

Градската полиција соопшти дека работниците „најверојатно“ завршиле во вода.

На видеото се гледаат возила како паѓаат од мостот, а инцидентот се случил околу 01:30 часот по локално време.

Градоначалникот на Балтимор рече дека персоналот за итна помош е на местото на настанот и дека спасувачките напори се во тек.

Нуркачите итно трагаат по исчезнатите лица кои паднале од мостот во Балтимор кој се урнал кога голем товарен брод налетал на еден од неговите столбови, јавува Си-Ен-Ен. Според извори од итната помош, во несреќата исчезнале околу 20 лица.

Температурата на водата во реката на местото на несреќата е девет степени Целзиусови и тоа ја отежнува спасувачката операција бидејќи времето полека истекува за оние кои можеби се уште се во водата.

„Водата од девет степени не звучи толку ладно, но може да биде смртоносна“, известува новинарот на Си-Ен-Ен, Дерек Ван Дам.

„Водата ја црпи топлината од телото четири пати побрзо од студениот воздух“, рече тој.

Дерек Ван Дам објаснува дека телото може да издржи толку ниски температури од еден до три часа. Но, како што вели, нуркачите веднаш по несреќата нуркале во потрага по исчезнатите и тоа било од пресудно значење.

Во исто време, гувернерот на Мериленд прогласи вонредна состојба по уривањето на мостот Френсис Скот Ки.

„Ние сме им благодарни на храбрите мажи и жени кои напорно работат за да ги спасат исчезнатите и се молиме за нивна безбедност“, рече гувернерот.

Американската крајбрежна стража ги потврди претходните извештаи за возила кои завршиле во реката по уривањето на мостот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.