HomeАктуелноОваа македонска општина донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Оваа македонска општина донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Општина Кисела Вода ќе донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката била донесена едногласно, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Седницата на Советот започнала со едноминутен молк во чест на загинатите во трагедијата.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите, со сите кои загубија свои најблиски, како и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Ова е незамислива и ненадоместлива загуба за целото општество. Во знак на сочувство и солидарност, Општина Кисела Вода донесе едногласна одлука да донира еден милион денари за семејствата на настраданите. Ова е само мал гест на поддршка, но во овие моменти е многу важно да бидеме обединети, да си помагаме и да се грижиме едни за други. Нека почиваат во мир сите што ги загубија животите, а нивните семејства нека најдат сила да ја пребродат оваа огромна болка, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, соопштија од Општина Кисела Вода.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.