HomeАктуелноОграбена филијала на банка во Скопје

Ограбена филијала на банка во Скопје

Филијала на банка на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје вчера претпладне е ограбена од едно лице кое со закана со пиштол одзело пари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира Министерството за внатрешни работи грабежот е пријавен во СВР Скопје во 11:25 часот.

На 04.06.2024 во 11:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.