HomeАктуелноОд јануари казни за оние кои возат со стари возачки, сумата вртоглава

Од јануари казни за оние кои возат со стари возачки, сумата вртоглава

Возачките дозволи со старото име, треба да се заменат до први јануари 2025 година. Доколку возачите тоа не го сторат и продолжат да возат со возачки со старото име и доколку бидат застанати од сообраќајната полиција, ќе треба да платат казна.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршочен патен налог и казна во износ од 100 евра ќе добие возачот доколку биде фатен со неважечка возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.