Одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се наоѓаат кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри од Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец.
Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави бидејки се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, информираа од „Македонија Пат“.
Поради дождот, кој утрово започна да паѓа со посилен интензитет во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.
