На 07.10.2024 во 15.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булевар „Туристичка” во Охрид, настанал пожар во возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, во движење, управувано од Б.Т.(69) од селото Злести, општина Дебрца. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 07.10.2024 во 22.05 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар во мотоцикл оставен на нива во атарот на струшкото село Феришта. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Х.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од ОВР Струга и Одделението за криминалистичка полиција при МВР пронајдоа и одзедоа 119 боеви и маневарски куршуми различен калибар за пушка и автоматско оружје, 10 формациски пиротехнички средства имитатори на експлозија и пет школски и чадни бомби, кои нелегално ги поседувал, додаваат од СВР Охрид.
