HomeАктуелноОпштина Битола ќе додели стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Општина Битола ќе додели стипендии за додипломски студии на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Општина Битола во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ќе додели 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Јавниот конкурс е објавен, а потребните документи, кандидатите треба да ги достават најдоцна до 31 август, соопштија од тамошната локална самоуправа.

-Предност во доделувањето стипендии ќе имаат заинтересираните со одличен успех, кандидати од социјално загрозени семејства, деца без родители и ранливи категории. Општина Битола го задржува правото доколку е потребно во текот на постапката да побара и други документи за донесување на правилна одлука. Изборот на кандидатите ќе го врши Комисија која ќе биде формирана од страна на Општина Битола, нагласуваат од општината.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен најдоцна до 16. септември на официјалната страна на Општина Битола.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.