Ни претставува посебна чест и задоволство да споделиме со вас дека при ООУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО“ ЛОЗОВО во употреба е пуштена нова супер модерна, современа библиотека каква што можат да посакуваат сите други училишта ширум државата.. Со добро разработена проектна идеја, со многу труд, знаење, професионализам, посветеност, истрајност, трпение, со тимска работа, со примена на сето искуство и со поддршка од Мировниот корпус и нивниот волонтер во нашето училиште Judith Aguayo, како и USAID North Macedonia успеавме да го финализираме овој проект во нашиот најубав училишен простор, пишува во соопштението од градоначалникот на општина Лозово.
Вредните раце на сите чинители при OU Metodi Mitevski Brico-Lozovo и тимската работа успејаа да ги трансформираат старите неискористени простории во место каде децата ќе сакаат да го поминуваат своето време. Покрај книгите што беа донирани од заедницата, посебна благодарност би сакал да упатам и до Менаџерскиот тим при Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ кои на мое барање, несебично со своја донација помогнаа да го збогатиме фондот на книги кои ќе бидат на располагање на сите љубители кои сакаат да уживаат во пишаниот збор, додава градоначалникот.

