HomeАктуелноОхрид вечерва против Дукла за историско европско четвртфинале

Охрид вечерва против Дукла за историско европско четвртфинале

Ракометарите на Охрид се пред историски резултат за својот клуб, пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Охриѓани попладнево во Прага ќе го играат реванш натпреварот од осминафиналната рунда против екипата на Дукла. Во него популарните „гладијатори“ влегуваат со предност од девет голови, остварена на првата средба пред својата публика во Охрид која ја добија со 30-21.

Но, ваквата предност нема да ги залаже охридските ракометари, па искусниот Гоце Ојлески најавува дека и на овој натпревар ќе играат како да е 0-0 и ќе атакуваат на победа.

Тренерот на охриѓани Роевиќ направи две принудни измени. На местата на повредените Лиапас и Бојаниќ во тимот ќе бидат Ристевски и Кукуловски.

Денешниот дуел меѓу Дукла Прага и Охрид ќе почне во терминот од 18 часот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.