HomeАктуелноОхрид презентиран на Меѓународен саем за туризам во Белград

Охрид презентиран на Меѓународен саем за туризам во Белград

Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ја претстави својата богата туристичка понуда, привлекувајќи големо внимание од туристички оператори, агенции, медиуми и посетители.

Градоначалникот, Кирил Пецаков оствари средба со Весна Видовиќ, заменик градоначалник на градот Белград, на која се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот и заедничките иницијативи за привлекување повеќе туристи. Исто така, беше остварена средба и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, кој го посети штандот на Општина Охрид.

Во рамки на програмата за туристичка промоција на Охрид, вчеравечер во познат белградски ресторан беше организирана „Охридска вечер“ на која беа остварени средби со голем број туристички работници од Србија и регионот.

Слоганот на овогодинашното издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград е „Една мапа, безброј светови“. На саемот зедоа учество околу 400 излагачи,  меѓу кои водечки туристички агенции, хотели, воздухопловни компании, туристички центри и меѓународни тур-оператори.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.