HomeАктуелноПатничко возило удри во пешак, па во неколку паркирани возила во Охрид

Патничко возило удри во пешак, па во неколку паркирани возила во Охрид

На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид патничко возило „форд фокус” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто” и „волво” со охридски регистарски ознаки и „мазда 5″ со српски национални ознаки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. По наредба на јавен обвинител, увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.