HomeАктуелноПетар им донесе неизмерна среќа на родителите, 37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија

Петар им донесе неизмерна среќа на родителите, 37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија

Желбата за дете е посилна од годините. 61 годишна скопјанка по 37 години обиди да остане трудна, стана највозрасната прворотка во државата. Петар дојде на свет минатата недела а со мајката денеска заминаа дома. Оваа жена поминала тежок период – имала 10 неуспешни ин витро оплодувања, 10 спонтани абортуси. Кога ја почнала битката со неплодноста замрзнала јајце клетки и после 30 години и помогнале да го добие посакуваниот син.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во текот на бременоста жената имала висок притисок и дијабет и контролирана бременост и во 36 тата гестациска недела е породена со царски рез. Петар им донел неизмерна среќа на родителите а како што велат гинеколозите, во светот на медицината не постојат граници.

Во нашата држава нема ограничување на возраста за правење на ин витро. Во регионот највозрасната прворотка е во Србија но со донирана јајце клетка, а во Индија жени за прв пат станеле мајки и на 70.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.