HomeАктуелноПецаков: Согласно последните информации од терен, пожарот кон Расино е локализиран

Пецаков: Согласно последните информации од терен, пожарот кон Расино е локализиран

Од рано утринава на теренот Вапила – Расино – Сирула, кој е зафатен од пожар, на припомош се и екипи од сите општински јавни претпријатија, објави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“. На терен моментално се екипи од Територијалната противпожарна единица – Охрид со околу 10 пожарникари и две возила, членови на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“, стои во објавата.

Согласно последните информации од терен, се додава во објавата, во моментов пожарот кон Расино е локализиран.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.