ЦУК: НА ТЕРЕН НЕГОТИНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ – ГАСНАТ РЕАКТИВИРАН ПОЖАР
Регионалниот ЦУК Велес известува според информацијата од ТППЕ Неготино, дека пожарот што во текот на вчерашниот ден беше активен во месноста „Гоцева шума“ во Општина Неготино, а што во текот на ноќта беше изгасен, денеска попладне повторно е реактивиран. Била зафатена со оган борова шума. На терен веќе интервенираат пожарникарите од ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и 5 противпожарни (ПП) возила.
