HomeАктуелноПожарот над беровското село Митрашинци ставен под контрола

Пожарот над беровското село Митрашинци ставен под контрола

Пожарот над беровското село Митрашинци е ставен под контрола и во моментот нема опасност од негово неконтролирано понатамошно ширење, извести командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Сашко Руменовски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Од утрово имавме хеликоптерска поддршка со направени над 27 прелети. Користена е вода за гаснење на пожарот од импровизиран базен во соседното село Будинарци, вели Руменовски.

Хеликоптерот, како што додаде, поради високите температури е повлечен, а очекуваат гаснењето од воздух да продолжи со ер-тракторите.

Според проценка на командирот пожарот кај село Митрашинци се очекува вечерва целосно да биде локализиран. Сите кои учествуваа во неговото гаснење остануваат на терен се до негово целосно ликвидирање.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.