Денес во спортската сала „Билјанини Извори” се одржа ждрепка за групите на вториот по ред хуманитарен турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“.
Турнирот кој започнува на 24 октомври од 19 часот ќе го отворат екипите од групата А, Инекс Олгица хотел и спа и РЕК Битола. Натпреварите по групи ќе се играат на 24/25/26/28/29 и 30 октомври од 19 до 23 часот.
Турнирот ќе се игра во четири групи, секој со секого, и потоа по принцип на елиминации првопласираните ќе играат до самото финале. На почетокот на ждрепката Тони Илијоски, одговорен за реализација на турнирот, ги информираше присутните за правилата и прописите кои ќе важат за време на одржувањето на турнирот. Ги покануваме сите љубители на малиот фудбал да бидат дел од вториот по ред Хуманитарен турнир во мал фудбал “Ohrid Freed”, велат од ЈП „Билјанини Извори“.
фото: ohridnews.com
