Во четврток (01.02.2024 година) започнува исплатата на јануарските пензии за над 330.000 пензионери. Некои од банките како и претходно, се очекува пензиите да ги исплатат пезниите ден или два порано.
Покрај пензиите, пензионерите со пониски пензии се уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари. Следното покачување на пензиите ќе биде веќе во март оваа година, по што од први април, сите пензионери ќе добиваат повисоки пензии, а конкретниот процент ќе се знае кон крајот на месец февруари.
