Големо невреме проследено со поројни врнежи од дожд и грмотевици го зафати Охрид.
Сообраќајот се одвива отежнато и по влажни коловози.
Од УХМР велат дека минималните температури ќе се спуштат до пет, а максималните ќе достигнат до 12 степени. И во следните денови под влијание на циклонска активност од запад ќе се задржи променливо време и ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промени.
