HomeАктуелноПотврдена смртта и на пилотот на грчкиот воен авион што се урна во понеделникот

Потврдена смртта и на пилотот на грчкиот воен авион што се урна во понеделникот

Загинат е и пилотот на авионот Ф-4 фантом на грчката воено воздухопловство, што во понеделникот се урна во Јонското Mоре, според соопштението на Генералштаб на военото воздухопловство, што го пренесуваат грчките медиуми.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според истите информации, операцијата за спасување и потрага по 31-годишниот пилот завршила, а од пронајдените остатоци и анализата била потврдена смртта.

Авионот се урна во морето во понеделникот наутро за време на едукативен лет, откако полета од градот Андравида во северозападниот дел на Пелопонез, а неколку часа по падот беше потврдена смртта на копилотот, а потрагата по пилотот траеше над 48 часа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.