Прво па машко и во Охрид, во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко дете.
Како што информира директорот на Општа болница – Охрид, д-р Асен Шајн, бебето е родено во 1 часот и 54 минути.
Имено, првото бебе во 2024 година во државава се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот.
Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат.
