HomeАктуелноПревентивен проект на тема „Врсничко насилство” во основното училиште во Лескоец

Превентивен проект на тема „Врсничко насилство” во основното училиште во Лескоец

На 14.11.2023 година, полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Ванчо Николески” во охридското село Лескоец, реализираа превентивен проект на тема „Врсничко насилство”. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение  им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг” и он-лајн насилството „сајбер булинг”, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.
Околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку тие се жртва на булинг и сајбер булинг, каде да го пријават насилството и со кого  да ги споделат тие информации. Оваа едукативна кампања ќе биде реализирана и во другите училишни центри на подрачјето на СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.