HomeАктуелноПревртено возило на Итна помош, тешка сообраќајка вечерва во Скопје

Превртено возило на Итна помош, тешка сообраќајка вечерва во Скопје

Четири лица се повредени во синоќешната сообраќајка што се случи во близина на зградата на поранешна „Нова Македонија“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Пријавено е дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.