Поради санација на настанат дефект прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Булевар Туристичка“, „Галичица“, „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување на санацијата.
