HomeАктуелноПремиерот Ковачевски и владината делегација оддаваат почит на спомен обележјата посветени на Илинден во Крушево

Премиерот Ковачевски и владината делегација оддаваат почит на спомен обележјата посветени на Илинден во Крушево

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Слива, којшто се наоѓа во близина на Крушево и претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, по што традиционално присуствуваа и на Панихидата којашто се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Владината делегација по Панихидата за загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи цвеќе и на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следи и централната манифестација каде ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Државни делегации, денешниот голем национален празник го чествуваат на повеќе локации во чест на поставувањето на темелите на нашата државност и со оддавање почит на борците за самостојна и слободна држава.

Извор:Влада

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.