На 13.09.2023 во 21,00 часот на булеварот „АСНОМ” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.З.(20) од Ресен. При преглед а подоцна и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Е.Р
