HomeАктуелноПриведени 12 дрвокрадци во струшко, фатени при бесправна сеча на дрва

Приведени 12 дрвокрадци во струшко, фатени при бесправна сеча на дрва

Вчера во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, преземени се координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП,,Национални шуми“ при што лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на РС Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информации на МВР, тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири.

Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.