HomeАктуелноПриведено едно лице кое физички нападнал малолетник

Приведено едно лице кое физички нападнал малолетник

Приведен е 39-годишник од кавадаречко поради сомнение за физички напад врз малолетник, информираат попладнево од СВР Велес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во 14.30 часот вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 39 години од кавадаречко. Како што е пријавено од вработен во основно училиште, каде учела неговата малолетната ќерка, таа пријавила во училиштето дека во семејниот дом, тој се однесувал агресивно и физички го нападнал нејзиниот малолетен брат, појаснуваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кавадарци, со децата и со мајката на пријавениот бил извршен службен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.