HomeАктуелноПродолжува нестабилно време, синоптичарите со детална временска прогноза за следните денови

Продолжува нестабилно време, синоптичарите со детална временска прогноза за следните денови

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Особено нестабилно ќе биде во вторник кога наместа се очекува и појава на краткотрајно невреме. Најсвежо ќе биде во среда, а потоа температурата ќе се покачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 14.05.2024
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 13°C до 22°C

Променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме.

Прогноза за 15.05.2024
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 20°C

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.05.2024
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.