HomeАктуелноПронајдени 297 штеки разновидни цигари, приведено едно лице

Пронајдени 297 штеки разновидни цигари, приведено едно лице

На 14.09.2023 во 01.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(53) од село Иловица, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо”, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.