Сара Пројковска, професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на „ДНК“, трагично го загуби животот во пожарот кој избувна во дискотеката во Кочани за време на настапот на бендот.
Веста за трагичната смрт на Сара Пројковска ја објави Факултетот за музичка уметност на официјалниот фејсбук-профил.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка,вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, пишува во соопштението.
