Важно е тој да е во добро расположење, а теа што Вевчани се десе трагедја, немат во себе чувство за жал. И важно е да победит на избори. Страмотјо ууу – стои во објавата на Мое Вевчани.
Инаку, денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Вевчани им го честиташе празникот на сите оние кои го празнуваат.
Традиционално како и секоја година повторно сме овде во Вевчани на овој ден заедно со ова карневалско дефиле по повод големиот христијански празник Василица. Ја користам оваа прилика на сите оние кои што го празнуваат овој ден да им го честитам. На помош Господ да е, вели тој.
Мицкоски додаде дека сите оние кои што имаат желби во новата година да им се исполнат, а на граѓаните генерално покрај овие сите работи кои што веќе ги спомена, рече да имаат благосостојба во нивните домови, бериќет и успех.
Очекувам успешен ден и покрај тоа што го изразувам моето најискрено сочувство за инцидентот кој што се случи во раните утрински часови овде во Вевчани. И посакувам денот да помине во добро расположение, рече Мицкоски.
