Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Кермадец во Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот на островите Кермадец веќе нема закана од цунами. УСГС најпрво извести дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени, по што ја намалил јачината на 7,1 степени.
Силен земјотрес го погоди истиот архипелаг пред нешто повеќе од еден месец, покажуваат извештаите на USGS. Тогаш магнитудата на земјотресот беше 7 степени според Рихтеровата скала.
