HomeАктуелноРекорден број доселеници во Канада минатата година

Рекорден број доселеници во Канада минатата година

Канада прими рекордни 431.645 имигранти кои ќе станат постојани жители во 2022 година, објави денеска канадското Министерство за имиграција, бегалци и државјанство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Доселениците ги збогатуваат нашите заедници и придонесуваат за нашата економија преку нивната работа, отворање работни места и поддршка за локалните бизниси“, се вели во соопштението.

Министерот за имиграција Шон Фрејзер изјави дека целниот број на имигранти е постигнат и оти е надминат рекордот од 2021 година, пренесе „Спутник“.

Тој рече дека ова е најголемиот регистриран број доселеници од 1913 година.

Министерството обработило повеќе од 5,2 милиони барања за постојан и привремен престој и за државјанство, што е двојно повеќе од 2021 година,пренесе Блиц.рс.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.