HomeАктуелноРекорден раст на македонските аеродроми: Над 2,4 милиони патници за седум месеци

Рекорден раст на македонските аеродроми: Над 2,4 милиони патници за седум месеци

Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, што е раст од дури 41,2%. Овие резултати значат повеќе туристи, повеќе гости, повеќе работа за туристичкиот и услужниот сектор и дополнителен придонес кон економскиот развој“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека бројките се најдобар показател дека политиките даваат резултат. „Владата продолжува посветено да работи на развој, инвестиции и подобра поврзаност на Македонија со Европа и светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.