HomeАктуелноРељиќ гази кон медалот! Македонската олимпијка ја елиминираше домашната натпреварувачка

Рељиќ гази кон медалот! Македонската олимпијка ја елиминираше домашната натпреварувачка

Македонската олимпијка во таеквондо Милијана Рељиќ ја оствари првата победа на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Милјана која е еден од нашите фаворити за медал настапи во категоријата -57 ккилограми. Таа во осминафиналето ја победи домашната натпреварувачка, Италијанката, Џовани Паоло со 2:0. Следната (четвртфинална) борба на Рељиќ е попладнево во 15.45 часот.

На таекводно борилиштата, настап ќе има и Христијан Симоновски во категоријата до -68 килограми. И тој за противник ќе има домашен претставник. Италијанецот, Денис БАРЕТА. Борбата е закажана во 12.15 часот.

Во боксерскиот рунг ќе се појави Ален РУСТЕМОВСКИ кој во категоријата -60 кг. во осминафиналето за противник ќе го има Михајло Декиќ.

Во утринската програма, настапи имаа тројца македонски пливачи, Сара Јанковиќ, Огнен Славковски и Јован Јанковски кои завршија далеку зад својата конкуренција во квалификациските групи.

Во колективните спортови. Во тек е ракометниот натпревар во женска конкуренција, меѓу Македонија и Грција. Вечерва 21 часот, за прв пак ќе настапи у фудбалската селекција до 21 година. Младите македонски фудбалери во рамките од 1.коло на А групата ќе играат против Тунис.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.