Вчера во домот на кумановскиот градоначалник и актуелен кандидат за претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски од ЗНАМ имаше убава причина за славење.
И покрај „бурната“ кампања Максим Димитриевски преку својата официјална страна на социјалната мрежа facebook и го честита роденденот:
Среќен роденден на мојата животна љубов, бескрајниот мотиватор и поддржувач, кој покрај големата љубов ми подари и три прекрасни деца. Посакувам ваква семејна хармонија во секој дом во Македонија! – напиша на facebook Максим Димитриевски.
Димитриевски секогаш потенцира дека е во среќен брак и дека неговата сопруга Надица му е најголема поддршка во патот кој го чекори.
За него, жената е столб во семејството го кажа и во честитка за Денот на жената.
Жената претставува столб на семејството во секое општество, која треба да се почитува и уважува секој ден. Ви посакувам секојдневно внимание и многу љубов од најблиските, затоа што Вие тоа го заслужувате, рече тогаш Димитриевски и додаде:
Ова е нашето заедничко општество каде што мораме да бидеме еднакви, затоа што само на овој начин можеме да одиме заеднички напред. Местото на жената е кадешто се носат одлуките и Движењето ЗНАМ ќе продолжи да се залага за тоа, рече Димитриевски.
