HomeАктуелноСали: Изградбата на новиот клинички центар останува приоритет, засега нема најдобро финансиско решение

Сали: Изградбата на новиот клинички центар останува приоритет, засега нема најдобро финансиско решение

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите рече дека изградбата на новиот клинички центар за него како министер останува приоритет, но дека не е можна негова реализација во моментот поради немање најдобро финансиско решение.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Тоа е комплексен проект кој бара неколку решенија меѓу кои и финансискиот дел. Поради немање на најдобро финансиско решение за реализација на овој проект, продолжуваме со реновирање и адаптирање на постоечките клиники се до моментот кога ќе се заокружи мозаикот неопходен за реализација на таков капитален проект, изјави Сали.

Прашан дали тоа е можно да се реализира во овој мандат, Сали рече дека е оптимист.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.