На територијата на СВР Битола ноќеска од 23 до 5 часот е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возачи под дејство на алкохол.
При контролата се санкционирани 65 возачи .Од нив седум на територија на Битола, 50 во Прилеп, по двајца во Ресен и Крушево,тројца возачи во Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 друг вид прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР наведува дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
